Со задоволство ја најавувам завршната фаза од проектот за Реконструкција на улицата „Радушка” во Ѓорче Петров е во завршна фаза. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски информира дека сообраќајницата сега изгледа модерно и безбедно за сите корисници – граѓани, пешаци и возачи!
Станува збор за потегот од гробиштата до улицата „Црногорска” во должина од 1.110 метри (од вкупно 2.200 метри).
Вредноста на проектот е 25 милиони денари (со вклучен ДДВ), средства кои што се обезбедени од Општина Ѓорче Петров.
-Досега е поставено ново асфалтно – бетонко покритие во должина од 1.110 метри од улицата, изградена е фекална и атмосферска канализација, што значително ја подобрува инфраструктурата. Направен е нов тротоар на една страна од улицата, за поголема безбедност на пешаците.Таму каде што недостасуваше осветлување, поставени се нови улични светилки кои ја зголемуваат безбедноста во вечерните часови – објасни Стојкоски.
Според него овој голем проект на една од најстарите улици во Ѓорче Петров има за цел да ја унапреди безбедноста на сите корисници на улицата.
-Со завршувањето на овие 1.110 метри, целосно ќе се финализира реконструкцијата на улицата – истакна Стојкоски.