Ракометната репрезентација на Македонија загуби од Словенија на гостински терен, во Копер, но тоа не е единствената лоша вест, бидејќи е можно да е готова сезоната за средниот бек Марко Митев.
Митев (22) се повреди лошо во средината на првото полувреме и беше изнесен на носилки. Првичните прогнози не се оптимистички, затоа што, според снимката и изразот на неговото лице, речиси сигурно му се повредени предните вкрстени лигаменти на коленото. Додека се чекаат деталните лекарски прегледи, сите се надеваат на помалку лошата варијанта: дека му се истегнати лигаментите.
Доколку се покаже дека му се скинати лигаментите, тогаш средниот бек го чека многу подолга пауза. Ова е многу лоша вест за Македонијам која ја чека битка за ЕП 2026 и за Алкалоид, кој го чекаат клучните натпревари во сезоната во Суперлигата, во рамките на плејофот, и европскиот двомеч со романската Баја Маре.