Бројот на загинати од уривањето на покривот на ноќниот клуб Џет Сет во Санто Доминго се искачи на најмалку 184, а повредени се најмалку 160 лица, соопштија официјални лица, додека потрагата по исчезнатите продолжува. Од под урнатините се спасени 145 луѓе, но засега не е јасно колкумина се водат како исчезнати.
Владата синоќа објави дека ја прекинува потрагата по преживеани.
За време на несреќата во клубот во главниот град на Доминикана, Санто Доминго, биле најмалку 300 луѓе. За сега идентификувани се 54 од жртвите, а многу тела допрва треба да се идентификуваат.
Несреќата се случи во вторникот наутро додека стотици луѓе се забавувале на концертот.
Во клубот во тој момент имало музичари, спортисти и официјални лица. Прво почнала да паѓа прашина од таванот, а потоа се урнал покривот, затрупајќи ги посетителите so бетонски плочи. Засега не се познати причините за уривањето на покривот.