epa12029356 Carlos Alcaraz of Spain in action during his final match against Lorenzo Musetti of Italy at the ATP Monte Carlo Masters tennis tournament in Roquebrune Cap Martin, France, 13 April 2025. EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз со победа го започна АТП- турнирот во Барселона и се пласираше во осминафиналето, а по мечот со Американецот Итан Квин, се осврна на неодамна освоениот трофеј во Монте Карло, велејќи дека се зголемува конкуренцијата на самиот врв.

Младиот Шпанец смета дека следниве неколку години ќе бидат многу возбудливи за светскиот тенис, затоа што има неколкумина играчи што се речиси на исто ниво и чии меѓусебни дуели секогаш ќе бидат возбудливи.

– Мислам дека заврши доминацијата на еден или двајца играчи или на таканаречената „стара школа“. Сега нештата се менуваат, гледам дека во топ-10 има барем шест-седуммина играчи што се речиси на исто ниво. Нормално е да има подеми и падови кај секого, но квалитетот кај сите нив е неспорен.

Очекувам следниве години да донесат голема возбуда за навивачите, ќе има многу неизвесни дуели на сите големи турнири. Јас сум фокусиран да ја задржам оваа форма, но и да се подобрам. Сакам да се вратам на првото место на АТП- листата, иако знам дека нема да биде лесно тоа – изјави Алкараз.

Со освоениот трофеј во Монте Карло, Алкараз се врати на второто место во светскиот тениски поредок. Прв е Италијанецот Јаник Синер, кој одлежува суспензија поради минатогодишниот допинг-скандал.

ИЗДВОЕНИ