Завршен разговорот меѓу Трамп и Путин: Лидерите на САД и Русија разговараа цели два часа

301
EFE/ALEXEI NIKOLSKY / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин го завршија телефонскиот разговор.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека разговорот меѓу двајцата претседатели траел повеќе од два часа.

Главна тема на разговор беше ситуацијата и договорот за прекин на огнот во Украина. Светските медиуми му посветија големо внимание на разговорот.

Австриски „Кронен цајтунг“ го опиша како „најважниот телефонски повик во светот“, Си-ен-ен објави дека овој разговор е „клучен тест за Трамп дали ќе го исполни своето предизборно ветување за прекин на конфликтот“, а германски „Билд“ наведе дека овој „разговор со нетрпение се чекаше низ целиот свет“.

ИЗДВОЕНИ