Завршен распитот на градоначалникот на Кочани, обвинителството дополнително ќе донесе одлука за неговиот натамошен статус во постапката

690
Фото:општина Кочани

Обвинителството во Кочани вечерва соопшти дека распитот на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов е завршен и дека дополнително ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката.

Оттаму информираат дека  градоначалникот дал определени појаснувања и сознанија.

Таквиот исказ се споредува со доказниот материјал и надлежностите на општината, по што ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката, велат од ОЈО.

Тој околу 19 часот, го напуштил Обвинителството каде што беше на распит.

ИЗДВОЕНИ