Затворени уште 13 дискотеки, имале лиценца, а не исполнуваат минимум технички услови

129

Во текот на вчерашниот ден од страна на Државниот пазарен инспекторат од извршени 82 контроли констатирано било дека 13 угостителски објекти не исполнуваат минимум технички услови.

Како што информира портпаролот на Влада, Марија Митева, на денешната прес-конференција на овие правни лица ќе им биде одземена лиценцата и ќе имаат забрана за вршење на дејноста.

– Во текот на вчерашниот ден од страна на Државниот пазарен инспекторат од извршени вкупно 82 контроли со записник, инаку се повеќе за нив трае анализата и контролата, по Законот за угостителска дејност состојбата е следната: од 23 со лиценца констатирано е дека 13 не исполнуваат минимум технички услови, за пет правни лица регистрирани како кабаре диско и кои се со истечена лиценца, а работеле изминатиот период издадени се решенија за забрана за вршење на дејност. Кај останатите 41 кафич, клуб кај 30 од нив се констатирани неправилносто по Законот за угостителска дејност и изречени се 28 прекршочни налози и две затворања за пречекорување на работно време, изјави Митева.

ИЗДВОЕНИ