Во Хрватска гласачките места во вториот круг од претседателските избори се затворени во 19 часот.
Според излезните анкети, актуелниот шеф на државата Зоран Милановиќ победи на изборите со 77,86 отсто од гласовите.
Неговиот противкандидат Драган Приморац освои 22,14 отсто од гласовите, објави Вечерњи лист.