Портпаролката на Владата, Марија Митева, денеска извести дека Пазарниот инспекторат издал вкупно 28 решенија за привремена забрана за вршење дејност (кои вршеле дејност без лиценца или, пак, без исполнување на минималните технички услови) и 12 решенија за отстранување неправилности за прекршоци утврдени согласно со Законот за угостителска дејност. Од вкупно 23 правни субјекти со активна лиценца, кај 17 субјекти биле констатирани неправилности во делот на исполнувањето на минималните технички услови.
Трудовата инспекција во Струга ја затвори спортската сала „Нико Нестор“, која ја користат дел од учениците од истоименото училиште, но и спортските клубови од Струга, поради опасност за безбедноста и здравјето при работа на вработените
Државниот пазарен инспекторат од 17 март до 10 април извршил 297 надзори на угостителски објекти и издал вкупно 360 прекршочни платни налози, во вкупна вредност од 3.436.000 денари. Биле контролирани дискоклубови, дискоклубови на отворен простор, ноќни клубови, кабареа, кафе-барови, гостилници, ресторани, ресторани за свадби, бистроа, хотели и други субјекти, при што е побарано дали ги исполнуваат минималните технички услови и другите одредби предвидени согласно со Законот за угостителска дејност.
Портпаролката на Владата, Марија Митева, денеска извести дека Пазарниот инспекторат издал вкупно 28 решенија за привремена забрана за вршење дејност (кои вршеле дејност без лиценца или, пак, без исполнување на минималните технички услови) и 12 решенија за отстранување неправилности за прекршоци утврдени согласно со Законот за угостителска дејност.
– Од вкупно 23 правни субјекти со активна лиценца, кај 17 субјекти констатирани се неправилности во делот на исполнувањето на минималните технички услови. За нив е доставена информација до Министерството за економија и труд. Во меѓувреме, кај 7 од овие објекти се отстранети овие неправилности и на барање на правните субјекти е извршена дополнителна контрола и се направени контролни записници, каде што надлежните органи утврдиле дека правните субјекти, согласно со законски предвидениот рок од 30 дена, ги отстраниле овие недостатоци. И таквите информации се доставени до Министерството за економија и труд – истакна Митева.
Другите правни субјекти што немаат активна лиценца или, пак, се со поднесено барање до Министерството за економија и не вршат дејност, во моментов се под постојан мониторинг и ќе се преземат соодветни мерки за нив, согласно со закон. Митева истакна дека продолжува контролата.
– Како Влада, очекуваме целосниот и детален извештај од сите 9 одделенија на Државниот пазарен инспекторат, кои се надлежни на територијата на Македонија, за овие 297 контроли на правните субјекти да биде доставен во текот на следната недела. Ова не е еднократен одговор, ниту краткорочен ангажман. Зајакнувањето на институционалната одговорност и враќањето на довербата на јавноста остануваат наши долгорочни приоритети и ќе продолжиме да им пристапуваме на таквите прашања со зголемен фокус, доследност и одговорност – рече Митева.
Трудовата инспекција во Струга ја затвори спортската сала „Нико Нестор“, која ја користат дел од учениците од истоименото училиште, но и спортските клубови од Струга, поради опасност за безбедноста и здравјето при работа на вработените.