Затворена Зоолошката градина во Скопје – ЗОО Скопје ги демантираше гласовите

59
Фото:П.Стојановски

Зоолошката градина во Скопје денеска е затворена, а како што се наведува во нивното известување поставено пред самиот влез, причина се техничко оперативните работи. Сепак, во текот на денот дел од медиумите објавија дека Зоолошката не работи поради постоење на сомнежи од птичји грип.

Од Скопје  ЗОО се огласија во врска со причините и шпекулациите што ја вознемирија јавноста.

Повторно се потврдува секташката политика на Владата на Христијан
Мицкоски. Имено, од изутринава без налог, решение или било каков друг доказ
инспектори на АХВ придружувани од лица со оружје упаднаа во ЗОО Скопје и
извршија масакр врз птиците. Без образложение, овие лица по наредба на
диркторот на АХВ, а без доказ до овој момент убија неколку десетици
птици кои слободно се шетаа во зоолошката градина. Станува збор за
украсни видови на шатки и гуски кои живеат во градскиот парк, а имаат
природен пристап во зоолошката градина од градскиот парк.

Целта на оваа секташка политика е да се предизвика нов измислен проблем,
и да се обезбеди алиби за затварање на ЗОО Скопје со цел наштетување на
угледот. За оваа дело ЗОО Скопје ќе поднесат кривични пријави против
директорот на АХВ како и до инспекторите и лицата кои со оружје упаднаа
во ЗОО Скопје, стои во соопштението на Скопје ЗОО.

Фото:П.Стојановски