Затворен е конкурсот за работа што привлече големо внимание поради платата од 150.00 евра: Венеција принудена да бара гондолиери

1635

Огласот за работа koj во Венеција привлече големо внимание, особено поради платата сега конкурсот е затворен, а дали пријавените навистина ќе станат гондолиери останува да видиме.

Една од најпопуларните туристички дестинации во Италија – Венеција, на луѓето им понуди можност да живеат во овој град и да работат за плата од 150.000 евра годишно, пренесе експрес.цо.ук.

Венеција дојде во ситуација кога мораше да бара возачи на гондоли за да ги однесат туристите низ иконичните места на градот.

Кандидатите требаше да ги исполнуваат и следниве услови: да имаат 18 години или повеќе, да имаат училишно образование, да знаат да пливаат и да зборуваат италијански.

Оние кои ќе станат гондолиери прво ќе треба да поминат шестмесечен тренинг кој чини околу 1.000 евра за 400 часа обука, пишува Експрес.

Венеција итно барала илјада кандидати за оваа работа, како што е наведено, важно било само да можат да прават само едно нешто, се друго да научат.

По завршувањето на обуката, кандидатот ќе добие сертификат и лиценца за управување со гондола. Оние кои ќе ја добијат работата ќе мора да ги одржуваат и своите 11-метарски гондоли.

„Официјалната тарифа за 30-минутно возење со гондола е 80 евра. Цената на возење од 19:00 часот е до 100 евра. Доколку сакате гондолиерот да пее или да свири инструмент за време на возењето, ќе треба да доплатите.