Застрелана социјална работничка во Прилеп: Напаѓачот бил побегнат од психијатриска институција

80

Мажот кој денеска пукаше во социјална работничка во Прилеп на нејзиното работно место, избегал од психијатриска установа, но и претходно ја демнел.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место во просториите на Центарот за социјални работи – Прилеп.

„Осомничениот, според првични сознанија, претходно подолг период ја демнел и загрозувал сигурноста на жртвата за што биле водени соодветни кривични постапки против него, меѓутоа избегал од институција во која издржувал мерка задолжително психијатриско лекување. Во просториите на Центарот тој пукал од огнено оружје – пиштол кон вработената која е повредена и е надвор од животна опасност, но и кон директорот на установата кој не е повреден. Осомничениот е лишен од слобода, а оружјето и други траги се обезбедени и ќе бидат предмет на вештачење“, велат од ОЈО.

ИЗДВОЕНИ