Застрашувачки сцени од земјотресот во Мјамар, се урна и болница: Официјално 144 загинати, се стравува дека има многу повеќе/ВИДЕО

767
EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Мјанмар утрово беше погоден од два разорни земјотреси.

Првиот беше 7,7 степени по Рихтер, а потоа вториот беше регистриран со 6,4 степени по Рихтеровата скала.

Според очевидци, земјотресите траеле долго.

Земјотреси се почувствувани и во Индија, а во Тајланд се урна облакодер во Бангкок.

Се верува дека има многу затрупани под урнатините. Спасувачките екипи се на терен, потрагата по затрупаните под урнатините е во тек.

Нова морничава снимка
Снимките покажуваат урнатини и како се тресат згради во кинески град во близина на Мјанмар.

Видеата од градот Руили – кој се наоѓа на границата со Мјанмар – покажаа урнатини на улиците и зградите како се тресат додека луѓето бегаат во паника.

17:37 часот
Болницата е уништена
Болница со 1.000 кревети во главниот град на Мјанмар е една од зградите оштетени во земјотресот.

Најмалку 144 лица загинаа во Мјанмар, објави државната телевизиска мрежа на Телеграм.

Оттаму додаваат дека 732 лица се повредени во земјотресот и последователните потреси што се случија утринава.

Тоа е првата официјална бројка објавена од воената хунта на Мјанмар, а офицер на хунтата додаде дека бројот на загинати и повредени ќе продолжи да расте. Полицаецот наведува дека 96 лица загинале во Најпитав, 18 во Сагаинг и 30 во Мандалеј.

Што се однесува до повредените, 132 лица се повредени во Неипјуитав и 300 во Сагаинг, додека бројките од другите области се уште се проценуваат, додаде офицерот.

ИЗДВОЕНИ