Засадени дрвја во новоизградениот парк во населбата 11 Октомври – Бараки

35

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во заедничка акција со раководството на Централна кооперативна банка, садеше дрвца во паркот во новоизградениот парк во населбата 11 Октомври – Бараки. Воедно, беше поставена и нова урбана опрема, а граѓаните во пријатна средина тука ќе можат да одмараат и да се рекреираат.

– Дополнувањето на зеленилото и содржините во оваа нова локација за одмор и рекреација придонесуваат кон зголемување на естетскиот и еколошкиот аспект, но и кон креирање на удобно место за одмор на нашите граѓани, кои, се надевам често ќе го посетуваат во своето слободно време. Нашата јасна визија и ангажман за зголемување на зелените површини и урбаната опрема во општина Кисела Вода е евидентна преку изградбата на 15-тина паркови и спортско-рекреативни центри во овие 2.5 години и ова е нешто што ќе продолжи да се случува со зголемена динамика на работа – изјави Ѓорѓиевски.