Заробениот севернокорејски војник кој се бореше на страната на Русија им подлегнал на повредите/ФОТО

290

Војникот од Северна Кореја, кој беше заробен од Украинците, наводно починал како последица на „тешки повреди“. Јужнокорејските разузнавачки служби наведуваат дека добиле информација во последниот час, а откако се појави информацијата дека војникот на Ким Џонг Ун е заробен во областа Курск.

Преку размена на информации во реално време со разузнавачката организација на пријателска нација (Украина), го потврдивме заробувањето на ранетиот севернокорејски војник и планираме темелно да го истражиме последователниот случувања, велат од кусото соопштение, јужнокорејската разузнавачка служба.

Сега се знае дека војникот загинал. Властите не соопштуваат дополнителни детали за природата на неговите повреди. Сепак, главниот медиум Јонхап, со седиште во Јужна Кореја, има разузнавачки информации дека заробеникот им подлегнал на повредите неколку часа откако бил заробен.

Претходно беше објавено дека украинските сили заробиле ранет севернокорејски војник кој се борел на страната на Русија во војна која се приближува на третата година, соопшти во петокот јужнокорејската разузнавачка агенција.

Се верува дека тоа е првиот севернокорејски воен заробеник од декември, кога Пјонгјанг испрати сили да им помогнат на Русите во нивната војна против Украина. Пред објавата од Сеул, на каналот Телеграм беше објавена фотографија на која наводно се гледа ранет севернокорејски војник.

Не е јасно каде точно е фатен.

Северна Кореја испратила повеќе од 10.000 војници да и помогнат на Русија, според Киев, Сеул и НАТО, иако Москва и Пјонгјанг ниту ја потврдија ниту ја демантираа оваа информација.