Нема нови повредени ученици, запре ли опасната игра „Супермен“ по училиштата?

60

Од понеделник наваму во Скопје немало нови случаи на повредени ученици како последица на играњето на опасната игра „Супермен“ која е раширена меѓу скопските ученици, изјави денеска за весникот ВЕЧЕР  в. д. директор на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, д-р Небојша Настов. Тој додаде дека се чини дека алармот што се вклучил во јавноста помогнал да запре играта во текот на која се повредија повеќе ученици.

-Од понеделник немаме пријави за повредени ученици кои се впуштиле во овој опасен предизвик. Се чини дека учениците претстанале да го прават она што до скора го правеа многумина од нив. Се надевам дека така ќе биде и во наредниов период, ни рече Настов.

Во јавноста минатата недела преку социјалните мрежи беа споделени бројни снимки на кои се гледа како учениците во средни и во основни училишта го практикуваат предизвикот „Супермен“ кој се прошири преку социјална мрежа Тик Ток.  Предизвикот е еден ученик да скокне со испружена рака како стрип-ликот Супермен и групата го фаќа и го фрла „предизвиканото“ момче или девојче во висина. Кога детето ќе скокне врз групата деца, тие или ќе го фатат или не. Од видеата што кружат по социјалните мрежи најчесто се гледа дека групата се трга настрана и детето паѓа директно на бетонот.

Директорот Настов минатта недела информира дека кај нив во Болницата биле донесени 11 повредени ученици. Двајца биле со скршеници на рацете, а другите имале набиеници.

По ова следеа апели во јавноста и во училиштата да запре опасната игра. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ