Започнува одбројувањето 200 дена до ЕМОФ Скопје 2025

22

Одбројувањето 200 дена до Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) Скопје 2025 што ќе се одржи од 20 до 26 јуни следната година започнува, означувајќи ново поглавје во подготовките за еден од најголемите мулти-спортски настани во Македонија.

Скопје и Куманово ќе бидат домаќини на повеќе од 4.000 учесници од 48 земји, кои ќе се натпреваруваат во 15 различни спортови, меѓу кои се атлетика, кошарка, одбојка, ракомет, пливање, џудо и баскет 3×3.

ЕМОФ има за цел да ги обедини најдобрите млади спортисти од Европа, овозможувајќи им да ги покажат своите таленти на највисоко ниво.

 

ИЗДВОЕНИ