Во Министерството за транспорт денеска се одржа редовното Годишно Собрание на акционери на АД МЕПСО. Собранието го разгледуваше Годишниот финансиски извештај и Годишниот извештај за работењето на АД МЕСПО за 2023 година, како и работењето на Управниот и Надзорниот одбор на Друштвото за 2023 година.
На Собранието беше истакнато дека приоритет во работењето на компанијата се дава на ефикасно управување на електропреносниот систем преку оптимален и оддржлив развој на компанијата.
Исто така беше нотирано дека Акционерското друштво со своето финансиско работење ги консолидира наследените состојби преку намалување на непродуктивните трошоци и зајакнување на капацитетите на компанијата преку развојни проекти.
На Собранието се информираше за раскинување на Договорот за изградба на 400 киловолтниот далновод меѓу Македонија и Албанија како резултат на многу слабиот прогрес на работа од страна на изведувачот. Притоа, беше истакнато дека АД МЕПСО работи на постапката на ретендерирање според правилата на Европската банка за обнова и развој како заемодавач за реалиазација на овој капитален проект.
Исто така, Собранието беше информирано за капитални проекти што ќе се реализираат во следната година меѓу кои изградба на трафостаницата Охрид, потоа изградба на нова трафостаница Дуброво, модернизација на преносната мрежа Велес-Скопје 4, потоа преносната мрежа Битола 1-Прилеп 1, преносната мрежа од Гостивар до Сопотница, дел од преносниот капацитет во Југоисточна Македонија преку изградба на новата трафостаница во Милетково, како и инсталирање на новиот СКАДА систем во диспечерскиот центар.
Министерството за транспот е единствен акционер во АД МЕПСО во државна сопственост.