Започнува периодот за забава и уживање: Аспектот на Венера и Марс испраќа добри вибрации до сите

28

На небото денеска се случува многу интересен аспект, Венера е во тригон со Марс и ни носи многу промени. Како прво, кај сите ќе се зголеми желбата за социјален контакт и уживање и тоа е еден од подобрите транзити за состанување бидејќи вашата помека љубовна страна ја поврзува суровата сексуална желба, пишува Astrology king

Исто така, можеме да бидеме директни, па дури и можеби премногу силни во разговорот со околината.

Ќе бидете заинтересирани за пријателство и проширување на кругот на пријатели. Во овој период кај сите ќе се зајакне чувството за самопочит, лична убавина и харизма, што на многумина ќе им ги зголеми шансите за пронаоѓање на совршениот партнер.

Постојните љубовни врски ќе „цутат“. Идеално време е да разговарате за повремените тензии. Креативноста ќе се стимулира на различни начини, па не е лошо да започнете со некои проекти или нешто слично што ве интересира.

Во ова, можеме да ја комбинираме убавината со акцијата и тоа може да биде преуредување на просторијата, танцување или сликање. Ќе успеете да создадете нешто убаво во кое ќе уживате и ќе ви донесе големо задоволство.