Жителите на северната хемисфера денеска го дочекаа почетокот на зимата, додека летото официјално започна за јужната хемисфера. Зимата ќе трае 88 дена, 23 часа и 50 минути, до 20 март 2025 година, кога на северната хемисфера ќе настапи пролетта, а на јужната есента.
На денот на почетокот на зимата, односно на 21 декември, на северната хемисфера денот ќе биде најкраток, додека ноќта од тој ден ќе биде најдолга.
Овој ден ќе биде најкраток во годината со само 8 часа и 59 минути дневна светлина, додека ноќта ќе трае дури 15 часа и 1 минута.
Зимската краткоденица е моментот кога Сонцето е на својата најниска позиција во хоризонтот и јужниот пол е најблиску до Сонцето. На северниот пол е спротивно, тој е најоддалечен од сонцето па затоа на северната полутопка ноќта е најдолга а денот е најкраток.
Од денеска ноќите постепено ќе стануваат пократки, а деновите подолги.