Започнува големиот Велигденски пост – 48 денови на покајание, простување и молитва

379

Православните верници денеска го обележуваат почетокот на Велигденскиот пост. Овој пост се нарекува и Чесен, поради неговата посебна важност, но и поради должината. Се нарекува и преподобен затоа што го опфаќа времето на страдањето на Исус Христос. Заедно со воздржувањето од силна и мрсна храна, уште поважно за постот е воздржувањето од гнев, лоши мисли и дела.

Велигденскиот пост секогаш започнува во понеделник – првиот понеделник од постот се нарекува Чист, како и првата седмица од постот.

Обичај е за време на првата – Чиста недела да се подготвува целата куќа. Се верува дека денес е добро да се започне голем бизнис, бидејќи ќе биде успешен.

Велигденскиот пост трае 48 дена и е најдолгиот пост во годината, кој завршува со празникот Воскресение.

За време нa целиот пост во сабота и недела е дозволена употреба на масло, а во останатите денови од седмицата, односно од понеделник до петок не се употребува масло.

Исто така, риба може да се јаде и на празникот Благовец и Цветници. Кај нас е познато дека повеќето верници постат најмногу во првата и последната недела од постот и тоа без масло.

За време на Великиот пост верниците пристапуваат кон покајанието, простувањето и молитвата, а целта е достојно да го дочекаат најголемиот христијански празник.