Започна 24 часовна блокада на Автокоманда, најголемата сообраќајница во Белград/ВИДЕО

1125
screenshot N1

Во 10 часот утрово започна 24-часовната блокада на Автокоманда, една од најголемите сообраќајници во Белград. Блокадата беше организирана од студенти, а на неа се приклучија моторџии, земјоделци на трактори и други граѓани. Наведоа дека организирањето на блокадата е наменето како мирен протест кој испраќа јасна порака, „но не смее да доведе до инциденти или непотребни ризици“.

Едната граница на блокадата ќе биде кај Ветеринарниот факултет, а другата кај кружниот тек кон Востаничка. Центарот на Белград во моментов е целосно блокиран за сообраќај. Затворен е сообраќајот од Славија кон Автокоманда. Полицијата точно во 9 часот и 10 минути го прекина сообраќајот од Славија кон Автокоманда. Засега сообраќајот на кружниот тек кај Автокманда функционира и планот на студентите е да не се затвора за сообраќај.

Студентите, средношколците и граѓаните кои го блокираа сообраќајот кај Студентски град, утринава околу 9 часот и 30 минути излегоа на автопатот каде полицијата претходно го прекина сообраќајот во правец кон мостот „Газела“. Учесниците на протестот се придружувани од десет трактори. На студентите попатно им се придружуваат и бројни граѓани, кои со нив ќе одат на блокадата кај Автокоманда, која ќе трае 24 часа.

Учесниците носат голем транспарент со натпис „Гнило до срж, излези и поддржи“.

ИЗДВОЕНИ