Крадењето дрва во Прилепско царува. Шумочуварите од подружницата „Црн Бор“ на ЈП „Национални шуми“ и по Нова година имаат полни раце работа.
Токму на првиот ден од новава година, шумочуварската служба на подружницата „Црн Бор“ од Прилеп, во заедничка акција со Шумската полиција, во шумско-стопанската единица „Бабуна – Стровија“ во селото Слепче, извршила заплена на бесправно исечено дабово огревно дрво, додека таа вечер, во селото Небрегово била извршена уште една заплена на дабово огревно дрво, и двете од непознат сторител.
На осми јануари, во местото викано Воени Магацини, биле затечени два шпедитера со дабово огревно дрво. Дрвата се одземени и однесени на складот на подружницата.
Следниот ден, шумочуварската служба на подружницата „Црн Бор“ од Прилеп, во заедничка акција со Шумската полиција, во шумско-стопанската единица „Селечка Планина“ во местото викано Шаторов Камен, извршила заплена на бесправно исечено багремово огревно дрво од непознат сторител. Дрвата се одземени и однесени на складот на подружницата.