Младата ѕвезда Барбара Бобак синоќа на 28 март настапи во Загреб каде со своите енергични хитови успеа да ја подигне атмосферата на највисоко ниво.
Меѓутоа, за време на нејзиниот настап во клубот, додека биле вклучени прскалките, Барбара одеднаш реагирала и меѓу стиховите на песните извикала: „Исгаснете ги ова!“.
Прскалките веднаш беа исклучени и Барбара продолжи да пее.
59 лица го загубија животот во пожар што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани, а најмалку 200 беа повредени. Во моментот кога избувнал пожарот на сцената настапуваше бендот ДНК.