На истокот од Англија, во близина на село во близина на воена база, на небото се забележани необични појави кои се толкуваат како дронови. Истото се случи и во Америка.
Жител на едно село на истокот на Англија, во близина на воената база РАФ Лакенхит, забележал сомнително летало како надлетува над него, пишува „Дејли мејл“.
Фармерот Рики Флечер (43) првпат ги забележал дроновите, ги видел додека се враќал од работа, а слично нешто се случило и во Соединетите Американски Држави.
„Леташе прилично ниско. Отпрвин мислев дека е хеликоптер. Но, тоа не е хеликоптер. Неговите светла се разликуваа од оние на авионот. Тоа беше беспилотно летало“, рече Флечер.
Според британскиот весник, беспилотните летала почнале да се појавуваат уште пред 20 ноември. Инцидентот во воената база РАФ Лакенхит е снимен на 28 ноември, а експерти од разузнавачките кругови на САД и Велика Британија – неочекувано – тврдат дека за овие појави е одговорен рускиот претседател Владимир Путин.
Поранешниот британски разузнавач Филип Инграм рече дека тие беспилотни летала ги носат обележјата на ГРУ. Тој смета дека Русите ќе продолжат со овие акции и во иднина.
После тоа, Флечер тврди дека видел уште 10 слични авиони. Тој опиша нејасни сцени на небото.
„Не летаа сите во иста насока. Другите селани и јас не можевме да веруваме што гледаме. Тие се приближија до едениот од нив и кружеа околу него. Тоа беше оној кој го прелета селото Хокволд што се наоѓа меѓу Фелтвел и Лејкенхит“, додаде фармерот за „Дејли меил“.
UAPs over RAF LakenHeath
(#UFOTwitter #UFO #UFOs #UFOSightings #UAPTwitter) pic.twitter.com/ubnU9c0sby
— think tank (@528vibes) November 27, 2024
Во Германија неидентификувани дронови летаа над чувствителни локации
Мистериозни дронови со денови летаат над клучни објекти во Америка!