„Западот може да ја жртвува Украина, како Чехословачка во 1938“. Фицо: Украина е жртва на западните амбиции

45
EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Западот може да ја жртвува Украина и да ја подели на делови, како што направи со Чехословачка во 1938 година, по нејзиниот пораз од Русија, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо.

– Ќе дојде време кога Западот ќе каже: „Па, не успеавме (да ја победиме Русија), па ќе ја жртвуваме Украина“ – рече тој во интервју за бразилскиот весник Folha de S. Paulo за време на неговата официјална посета на Бразилија.

Тој рече дека во 1938 година Велика Британија, Германија, Италија и Франција го потпишале Минхенскиот договор, според кој Чехословачка ги предала своите погранични области на нацистичка Германија, додавајќи:

– Се плашам дека слична судбина би можела да ја чека Украина – изјави Фицо.

Според него, Словачка нема поплаки против властите во Киев, но Братислава признава дека Украина станала жртва на западните амбиции да ја ослабне Русија.

– Не ѝ се лутиме на Украина, само велиме дека му дозволи на Западот да ја вовлече во нешто негативно – објасни словачкиот премиер.

Според Фицо Украина ќе изгуби 30 отсто од својата територија поради конфликтот со Русија, но никогаш нема да добие покана за НАТО од САД и нивните сојузници.

„Мислам дека Украина ќе изгуби една третина од својата територија, но ќе и бидат понудени безбедносни гаранции, како што е присуството на странски војници. Ако ова се смета за среќа за Украина за која сите зборуваат, верувам дека Украинците ќе бидат изневерени, рече тој во интервјуто.

Фицо, исто така, нагласи дека последиците од конфликтот значително ќе влијаат на внатрешната стабилност на Украина.

На 8 декември, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повтори дека Москва е отворена за разговори за Украина, додека за да излезе на мировниот пат, доволно е украинскиот претседател Володимир Зеленски да го откаже указот за забрана на какви било разговори со Русија и да даде инструкции за продолжување дијалог врз основа на истанбулските договори, притоа земајќи ја предвид фактичката состојба на теренот.

На состанокот со Министерството за надворешни работи на 14 јуни, рускиот претседател Владимир Путин ги постави условите на Русија за решавање на ситуацијата во Украина. Меѓу нив се повлекувањето на украинските вооружени сили од Донбас и Новоросија и одбивањето Киев да се приклучи на НАТО. Дополнително, Русија сака да се укинат сите западни санкции против неа и бара Украина да се обврзе на неврзан и ненуклеарен статус. Треба да се обезбедат и правата, слободите и интересите на населението во Украина што зборува руски.