Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека Русија никогаш не ги отфрлила преговорите за Украина, но дека Западот ја измамил и дека сега треба да види кому може да му верува.
– Русија никогаш не ги отфрлила преговорите за Украина, основата за преговарачкиот процес постои – тоа се договорите од Истанбул – им рекол Путин на руските новинари.
Рускиот претседател потсети на преговорите од 2022 година и нагласи дека Русија е измамена.
Како што истакна, кога станува збор за решавање на украинската криза, Русија нема да дозволи никакви ултиматуми.
– Анализираме се што се случува во врска со Украина, вклучително и конференцијата во Швајцарија. Русија мора да види со кого може да соработува кога е Украина во прашање и на кого може да има доверба – рече тој во изјавата на крајот од посетата на Кина.