Седиштето на копнените сили на НАТО во Финска може да се наоѓа во градот Микели, соопшти Министерството за одбрана на таа земја, а финските медиуми наведуваат дека градот се наоѓа на околу 300 километри од рускиот град Санкт Петербург.
„Министерството за одбрана предложи штабот на Командата на копнените сили на НАТО да биде лоциран во Микели, каде што веќе се наоѓа штабот на финските одбранбени сили“, се наведува.
Според финскиот телевизиски канал МТВ, тој предлог е веќе одобрен.