Заменети сите оштететни корпи за отпад во Сарај

23

Јавното претпријатие Комунална Хигиена во понеделникот ги замени сите оштетени корпи наменети за одлагање ситни отпадоци во скопската општина Сарај.

-Активностите се реализираа на десетина локации во централниот дел на општината, каде што на местото на оштетените корпи се поставени сосема нови садови – соопштија од претпријатието.

Оттаму додаваат дека и во претстојниот период ќе продолжат со етапно менување на сите оштетени корпи за одлагање ситни отпадоци поставени на подрачјето на градот Скопје.