Заложничка криза во предградие на Лил: Во тек е акција на француските специјалци

60
Француската полиција започна акција во која се вклучени специјални тимови кога денеска попладнето непознати лици заробиле заложници во една куќа во Лус, предградие на градот Лил.
Во тек се преговори со грабнувачите, јави канал Франс 3.
Француската полиција поради тоа го евакуираше ресторанот „Квик“ кој се наоѓа спроти објекотот во кој се заробени заложниците, известија француските медиуми.
Според наодите на каналот Франс 3, кој се повикува на изјавата на претседателката на локалната управа на Лус, Ан Воатурие, станува збор за ситуација со заложници.
Воатурие изјави дека засега не е познато колку заложници се наоѓаат во куќата наспроти ресторанот „Квик“.

Како што соопштија од дирекцијата на француската полиција, операцијата се уште е во тек, пренесува ТВ каналот Bfmtv.

На местото на настанот се распоредени припадници на единицата за контрола на нереди, како и тим од специјални сили и снајперисти.

Според локалните медиуми, полицијата опколила куќа на улицата Жорж Поти во Лил.

Во тој дел на Лил сообраќајот е во прекин, јавува Танјуг.

 

ИЗДВОЕНИ