Паркот кој се протега од новиот мост во Влае до пешачкиот мост во близина на вливот на Лепенец во Вардар, полека го добива својот лик.
Овој проект ветува да стане важен дел од зелената инфраструктура на градот опфаќа изградба на пешачки патеки, паркинг за посетителите, нова урбана опрема, а планирани се и паркови за миленици.
Во овој дел од кејот ќе бидат уредени зелени површини, што дополнително ќе го подобри изгледот на кејот и ќе создаде пријатен простор за сите граѓани.