Закажаниот голем протест, сепак, пред српското Собрание: Огромен број луѓе веќе е излезен на улиците – јавниот превоз во Белград од утрово е во прекин

844
Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Првично беше закажан голем протест за денеска во 16 часот пред Народното собрание во Белград – 15 за 15. Но, студентите на ЕТФ во блокадата најавија дека локацијата се менува од безбедносни причини и дека ќе биде кај Славија. Во меѓувреме пристигна информација дека протестот сепак ќе биде пред Собранието, но дека бина ќе биде поставена и кај Славија.

Студенти и граѓани од четири локации се упатија кон Собранието. Во моментов огромен број луѓе има пред Главната пошта, на плоштадот Славија и на плоштадот Република, пренесува Н1.

Кон Собранието се упатија и ветерани од 63-та падобранска бригада за да обезбедат заштита на учениците.

Јавниот превоз во Белград беше во прекин некаде по 9 часот, како што беше кажано, од безбедносни причини.

ИЗДВОЕНИ