Захарова: Загрижени сме поради зголемената провокативна активност на НАТО долж границите на Русија

16

Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека Русија е загрижена поради зголемената „провокативна“ активност на НАТО долж границите на Русија и Белорусија, потсетувајќи дека воената доктрина на Федералната држава Русија и Белорусија предвидува заеднички одбрана со сите сили и средства и тоа во Белорусија, покрај групите на заеднички трупи, и руското тактичко нуклеарно оружје.

Захарова додаде дека Москва „внимателно“ ги следи дојдовните информации за акциите на украинските сили во пограничната зона на сојузничката Белорусија и дека е свесна за „постојани украински провокации со помош на беспилотни летала“, пренесува РИА Новости.

Според неа, „непријателските потези на Киев буквално ја принудуваат Белорусија да ги користи своите вооружени сили за извршување на задачите за обезбедување на безбедноста на територијата на Републиката и нејзините граѓани“.