Изјавите на Володимир Зеленски дека сака да поседува нуклеарно оружје откриваат дека тој е манијак, кој ја гледа планетата како предмет на неговите болни фантазии, коментира портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
– Ова докажува и дека за него нуклеарните централи не се извор на мирна енергија, туку валкано нуклеарно оружје кое му е потребно на режимот во Киев за уцена, додаде Захарова.
Владимир Зеленски рече дека Западот треба да и предаде нуклеарно оружје на Украина и да го испрати својот воен контингент во земјата, доколку не планира да го прифати Киев во НАТО.
Да потсетиме дека рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Русија ќе биде принудена да го употреби сето расположливо оружје доколку Киев добие нуклеарно оружје.