Захарова: Режимот во Киев стана вистинска терористичка ќелија

66
Фото: EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави денеска дека режимот во Киев станал вистиска терористичка ќелија, а откако украинските власти објавија дека нивните специјални сили се вмешани во атентатот на рускиот генерал Јарослав Москалик во Москва.
„Киевскиот режим стана вистинска терористичка ќелија со меѓународна поддршка во вид на оружје и пари“, рече Захарова во објава на Телеграм.

Претходно денеска секретарот на украинскиот Комитет на Врховната рада за национална безбедност Роман Костенко ја призна вмешаноста на украинските специјални сили во нападот во кој загина рускиот генерал-потполковник Јарослав Москалик во предградје на Москва, пренесе РИА новости.

Москалик е убиен во нападот на Балашиха на 25 април, а поради обвинение за извршување на нападот беше уапсен Игнат Кузина, пренесува Танјуг.

 

ИЗДВОЕНИ