Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, предупреди дека распоредувањето на странски сили во Украина ќе предизвика жестока реакција од Москва.
„Кремљ ќе го смета доаѓањето на странски сили како директно мешање во конфликтот“, истакна Захарова.
Таа додаде дека Русија „ќе одговори со сите расположливи средства“ доколку некоја земја се обиде да распореди свои војници во Украина.
Да потсетиме, како дел од напорите да се обезбеди безбедност на Украина по секој потенцијален мировен договор, европските претставници предложија испраќање мировни сили во земјата. САД ја отфрлија можноста за испраќање свои војници, но Велика Британија и Франција се меѓу земјите во Европа кои ја разгледуваат опцијата.
Британските медиуми минатата недела објавија дека околу 20 земји, главно од Европа и Комонвелтот, покажале интерес да се приклучат на т.н. коалиција на подготвени, која би и пружила помош на Украина. Иницијативата за формирање „коалиција на подготвени“ доаѓа од Британија, поточно од кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер.