Захарова: Нема да има мир ако Украина влезе во НАТО

116
EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека постигнувањето праведен мир во Украина би било невозможно доколку Киев ја загуби својата неутралност со приклучување кон блок како НАТО.

Коментирајќи ги извештаите дека Западот разговара за опција во која Украина би се приклучила на Алијансата во замена за прифаќање на руската контрола врз дел од украинската територија, Захарова рече дека постигнувањето праведен мир во Украина би било невозможно доколку Украина не е неутрална и неврзана.

Захарова додаде дека руската специјална воена операција во Украина е одговор на ширењето на НАТО алијансата кон исток.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека мировните преговори може да започнат само доколку Киев се согласи да ги напушти големи делови од територијата за кои Москва има право и се откаже од својата кандидатура за приклучување кон НАТО алијансата.