Захарова: ЕУ го изгуби умот и е на пат кон пропаст

41

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека Европската унија „го изгубила умот“ и дека со доделувањето дополнителни средства за воена помош за Украина, тргнала на „патот на пропаст“.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера во Брисел изјави дека ЕК дополнително ќе одвои околу 160 милиони евра за помош на енергетскиот систем на Украина, што вклучува 60 милиони за хуманитарни потреби и 100 милиони за поправки и реконструкција. дека оваа сума ќе биде обезбедена од приходи од замрзнати руски средства.

Фон дер Лајен денеска за време на посетата на Киев изјави дека ЕУ ќе и додели на Украина заем до 35 милијарди евра, пренесува РИА Новости.

Захарова го повтори тврдењето дека ЕУ ја изгубила својата автономија и е потчинета на целите на Вашингтон, велејќи дека Брисел ја изгубил секоја власт.

„Сега ЕУ го изгуби умот. Тоа е курс што води кон ескалација на тензиите со Русија“, рече Захарова.

Таа ги обвини западните земји за кражба на руски имот.

„Крадат сè, недвижен имот, движен имот, суверена сопственост. Перењето на овој незаконски стекнат имот буквално се случува пред наши очи, преку купување оружје за Украина“, рече Захарова.