Загрозено примирјето во Газа: Нетанјаху со ултиматум до Хамас

145

Прекинот на огнот во Газа ќе заврши доколку Хамас не ги врати израелските заложници до сабота напладне, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Тој предупреди на враќање на „интензивните борби“ доколку заложниците не бидат ослободени. Соопштението доаѓа по „длабока четиричасовна дискусија во политичко-безбедносниот кабинет“.

Нетанјаху рече дека во владата „сите го изразиле својот револт поради шокантната ситуација во врска со тројцата заложници ослободени минатата сабота“.

Тој изјави дека владата едногласно го усвоила договорот: „Ако Хамас не ги врати нашите заложници до сабота напладне – прекинот на огнот ќе заврши, а ИД ќе се врати на интензивните борби додека Хамас конечно не биде поразен“.

Доналд Трамп го охрабри Израел да повика на ослободување на преостанатите заложници, а не само на тројцата кои треба да бидат ослободени во следната размена.

Израелскиот премиер рече дека владата го „поздравила“ барањето на Трамп заложниците да бидат ослободени до сабота напладне, „и сите ние ја поздравивме револуционерната визија на претседателот за иднината на Газа“.

Хамас во понеделникот соопшти дека ќе го одложи планираното ослободување на израелските заложници, обвинувајќи го Израел за кршење на условите од договорот за прекин на огнот.

ИЗДВОЕНИ