Загрепската полиција упаси српски државјанин, осомничен е за ширење и пренесување заразна болест

412

Загребската полиција покрена истрага против маж (39) поради сомнение дека сторил четири кривични дела кражба, како и ширење и пренесување на заразни болести.

Според Јутарњи лист, осомничениот Ј.О.(39), српски државјанин, на 25 јануари околу 16 часот го виделе сведоци како се приближува до киоск на улицата Хрговиќи. Потоа го отвора фрижидерот во киоскот, зема шише со вода, со шприц вбризгува нешто во него, а потоа заминува, јавува Н1 Загреб.

Според весникот, сето тоа го видело едно лице, па шишето веднаш било извадено од фрижидерот, заедно со сите други шишиња во него. Веднаш била повикана полиција и сите шишиња се испратени на токсиколошко испитување, чии официјални резултати за евентуална контаминација и дополнително комплетирање на кривичната пријава се уште се чекаат.

Според информациите на Јутарњи лист, мажот има хепатитис, што ја прави паниката уште пооправдана.

Од загрепската полиција велат дека осомничениот делувал „со умисла да пренесе заразна болест предизвикана од вирусот“ и сето тоа „против одредбите на Законот за заштита на населението од заразни болести“.

Кон средината на декември, околу 13 часот, пријавениот од продавница во Загреб украл осум парфеми и жилет, при што на фирмата и нанел штета од околу 295 евра.

Според пишувањата на медиумите, полицијата го поврзала и со кражба од продавница на улицата Рабарова во ноември минатата година, кога украл три парфеми од 190 евра.

„На почетокот на октомври 2024 година на улица „Мачановиќева“, дополнително се сомничи дека од камион „мерцедес атего“ со загрепски регистерски ознаки биле украдени паричник и мобилен телефон, при што е причинета материјална штета од околу 600 евра. „Исто така, постои сомневање дека во средината на 2024 година преку отворениот прозорец на комбе со регистерски таблички од Вировитица украл чанта во која имало мобилен телефон, документи, клучеви и други работи“, велат од загрепската полиција.

ИЗДВОЕНИ