„Заглавените“ астронаути се вратија на Земјата по маратонските 9 месеци во орбитата

29
EPA-EFE/NASA/Keegan Barber

Астронаутите Сани Вилијамс и Буч Вилмор, кои го привлекоа меѓународното внимание кога нивниот краток престој во вселената се претвори во мисија која траеше повеќе од девет месеци, конечно се вратија на Земјата.

EPA-EFE/NASA VIDEO FRAME GRAB

Вилијамс и Вилмор, заедно со космонаутот на НАСА, Ник Хејг и астронаутот Александар Горбунов од руската вселенска агенција Роскосмос, безбедно се спуштија во морето вчера во 17:57 часот по источно време во близина на брегот на Талахаси, Флорида, пренесува CNN.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pubity (@pubity)

Набргу потоа, камерите снимија јато од делфини околу капсулата.

Тие ја напуштија ISS во вселенското летало „Crew Dragon“ на компанијата „SpaceX“ на Илон Маск рано утрото во вторникот според локално време, а американската вселенска агенција NASA во живо го емитуваше нивното заминување од станицата.

Вилијамс и Вилмор пристигнаа на ISS на почетокот на јуни на првиот пробен лет на вселенското летало „Starliner“ на корпорацијата „Boeing“. Требаше да останат во вселената една седмица, но поради бројни технички проблеми со нивното летало останаа заглавени на станицата.

Хејг и Горбунов пристигнаа на ISS во септември со вселенското летало „Crew Dragon“ со празни места за Вилијамс и Вилмор. Педесет и деветгодишната Вилијамс и 62-годишниот Вилмор веќе неколкупати биле во вселената и важат за искусни астронаути.

ИЗДВОЕНИ