Заглавени повеќе лица поради високи снежни наноси

62

Снегот кој наврна викендов и понатаму им создава проблеми на граѓаните. Центарот за управување со кризи информира дека примиле повик од лице кое се наоѓа во викендица во село Леуново, на локација над хотелот „Радика“. Се работи за повик од маж чија сопругата постојано е приклучена на апарат за кислородна поддршка кој работи на струја. ОД ЦУК известија дека снегот во висина од еден меатр ќе се исчисти за да може пациентката да биде транспортирана до болницата во Гостивар.

– Во координација со одговорното лице од Општина Маврово и Ростуше договорено е да се интервенира во чистење на делницата од 100 до 150 метри се до влезната врата на викендицата, за да може екипа од ИМП Гостивар да ја преземе и транспортира пациентката до Клиничката болница во Гостивар. За оваа ситуација известени се и ДЗС Гостивар и РЦУК Гостивар – информираат од ЦУК

Поради големите наноси од снег кои се повисоки од 60 сантиметри, заглавени се и поеќе лица во општина Студеничани. Едно лице според ЦУК е заглавено во месноста „Празни торба“ – Црни врв, село Цветово, во Општина Студеничани.

– Лицето пријавило дека е заглавено, се наоѓа во сопствена викендица и не е во можност да го користи сопственото моторно возило, иако има зимска опрема – потенцираат од ЦУК.

Градоначалникот на Општина Студеничани информира дека имаат договор со фирма за чистење на снегот, но само до населените места. Не успеале да обезбедат багер за чистење на снегот, но на пријавителот му било понудено да биде евакуиран со возило мотор со гасеници, но тој одбил бидејќи не сакал да го остави своето возилото.

Исто така, во ЦУК била добиена и пријава за лица кои се наоѓаат во планинарскиот дом „Караџица“ во општина Студеничани, со возило, но поради висината на снежната покривка не можат да се вратат дома. И за овој случај, исто така е известен градоначалникот на Општина Студеничани.

Според временската прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи, денеска претпладне се очекува појава на магла или ниска облачност по одделни котлини, а во текот на денот променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Повеќе врнежи ќе има во текот на ноќта кон четврток во западните делови каде на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег.

Во Скопје утре претпладне ќе има појава на магла или ниска облачност, преку денот променливо облачно.  В четврток, минимална температура ќе се движи од 0 до 6 степени Целзиусови, додека максимална температура од 4 до 10 степени. Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

(А.П.)

ИЗДВОЕНИ