Четири лица, од кои тројца кошаркари, ги загубија животите во страшна сообраќајна несреќа во Колчестер, Велика Британија. Талентираните кошаркари на Универзитетот во Есекс, Макајла Бејли (22), Ентони Хиберт (24) и Далианг Вол (22) и девојката Ева Даролд-Чикаја (21) ги загубија животите на местото на настанот кога возачот на автомобилот загубил контрола и удрил во зграда.

Хиберт и Вол биле членови на машкиот кошаркарски тим Есекс Ребелс, соопшти универзитетот. Бејли, исто така, беше талентиран кошаркар и член на кошаркарскиот тим на британските универзитети и колеџи. Чикаја имаше повеќе улоги во танцовиот клуб Есекс Блејдс.

ИЗДВОЕНИ