Загинаа маж и жена од Марино – со возилото паднале во река

109

Маж и жена од скопско Марино загинаа во сообраќајна несреќа.

– На 26.5.2024, во 7:55, во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат кој води од село Коњух кон село Бељаковце, кај место викано Ракле, Кратовско, патничко возило „даеву матиз“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.Ј.(75) од село Марино, општина Илинден, излетало од коловозот и паднало во Крива Река. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот и неговата сопатничка С.Ј. (76) од село Марино, соопштија од полицијата.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен oбвинител, телата на починатите биле предадени на обдукција, додаваат од МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.