Загина војникот на Ким кој се бореше на страната на Русија во Украина

91
Фото: screenshot X

Севернокорејски војник заробен од украинските сили им подлегнал на повредите, соопшти денеска јужнокорејската разузнавачка агенција.

„Потврдено е, преку сојузничката разузнавачка агенција, дека севернокорејски војник бил фатен жив на 26 декември, но им подлегнал на повредите“, се вели во соопштението на разузнавачката агенција.

Ова е првиот познат случај на заробен Севернокореец откако Киев и Западот соопштија дека Пјонгјанг испраќа војници во Русија.

Не е соопштено каде е заробен војникот.