Загина поранешната Мис на Балканот, бегала од полиција во алкохолизирана состојба

993
screenshot X

Дваесет и седумгодишната манекенка и носителка на титулата Мис на Балканот за 2022 година, Ѓулер Ердоган загина бегајќи од полицијата, објави турскиот весник Сабах.

Според весникот нејзиното безживотно тело го пронашле возачи кои минувале по крајбрежниот пат во областа Хаџи Хусеин, каде што таа дошла на одмор за време на Рамазан Бајрам.

На лице место Брзата помош можела само да констатира смрт на 27-годишната манекенка, која според првите извештаи починала откако во неа удрил автомобил додека го минувала патот.

Според весникот „Сабах“, Ѓулер Ердоган била во алкохолизирана состојба, се забавувала со своите пријатели, а откако полицијата се обидела да ја спречи, таа решила да побегне, што на крајот довело до трагичниот инцидент.

Се дозна дека младата манекенка ја носи титулата Мис Косово Европа и дека работела во агенција за модели. Семејството на манекенката официјално не ја коментира оваа трагедија. Социјалните мрежи се преплавени со изрази на сочувство и тага за прераниот крај на животот на убавата девојка. Полицијата, како што пренесуваат медиумите, се уште го истражува овој случај.

ИЗДВОЕНИ