Шокантна вест доаѓа од САД, бидејќи талентираниот НФЛ играч Кајри Џексон (24), и двајца негови поранешни соиграчи загинаа во сообраќајна несреќа. Џексон беше дебитант за НФЛ тимот на Минесота Викингс и во следната сезона требаше да дебитира против најдобрите американски фудбалери во светот. Заедно со Ентони Литон Џуниор и Исаја Хејзел, тој загина во сообраќајка што се случи во Апер Марлборо.

Автомобилот, во кој се наоѓале удрил во друг автомобил, кој се движел со голема брзина. Според полицијата, возачот на другиот автомобил бил под дејство на алкохол. Џексон не го возел автомобилот во кој бил во моментот на сообраќајната несреќа во која загинал.