Загина најпознатиот балкански танчар Срѓан Будиќ – во стравотна сообраќајна несреќа во Турција

186

Од неразјаснети околности изгубил контрола над воланот и излетал од автопатот Чорлу-Истанбул. Наводно,имаше мозочен удар, но тоа се сега-засега само шпекулации. Обдукцијата ќе го даде одговорот. Сè се случи наеднаш во неколку секунди.

Најпознатиот балкански танчар, кој е родум од Србија, а често професионално работи на сцените во Турција, 30-годишниот Срѓан Будиќ, трагично загинал завчера во стравотна сообраќајна несреќа во близина на градот Текирдаг во северозападниот дел на Турција.

Големата несреќа се случи кога Срѓан со својот автомобил силно удрил во голем столб од бетонски мост. Се претпоставува дека од неразјаснети околности изгубил контрола над воланот и дека поради тоа излетал од автопатот. Наводно, имал мозочен удар, но тоа се сега-засега само шпекулации. Обдукцијата ќе го даде одговорот.                      Сè се случи наеднаш во неколку секунди, коментираат турските медиуми. И тоа во близина на наплатните пунктови на автопатот од Чорлу кон Истанбул. Будиќ и неговата екипа со неговиот автомобил со белградска регистрација се движеле кон Истанбул. Инаку, претходната вечер пред несреќата настапувал во градот на Босфор на еден џез-фестивал како танчари.

Турските медиуми жално констатираат дека балканската, но и музичката денс-сцена од овој дел на Европа, ќе жали по овој талентиран танчар кој на многу пејачи и артисти им беше, како што велат „десна нога“ на нивните настапи. Украсувајќи им ги настапите со своите специфични денс-перформанси.

Во страшната несреќа потешко се повредени и тројцата негови пријатели кои со него беа во автомобилот, а кои веднаш се пренесени во болница на интензивна нега. Несреќниот Срѓан исто така веднаш бил пренесен, но потоа во болницата им подлегнал на тешките повреди. Воедно и истрагата е во тек.  (Д.М.) фото: ФБ

 

ИЗДВОЕНИ