Загина еден од најпознатите руски балетани: Паднал од балкон!

34

Владимир Шклјаров, истакнат руски балетан познат по настапите во престижни опери ширум светот, загина во трагичен инцидент откако падна од балконот на петтиот кат на неговата зграда во Санкт Петербург.

Овој 39-годишен уметник, познат по отворените критики на руската политика и војната во Украина, зад себе остави две деца и богата балетска кариера.

Шклјаров важеше за еден од ретките уметници кои јавно се спротивставија на Владимир Путин и на воената агресија во Украина. На социјалните мрежи тој ги истакна своите ставови против војната, залагајќи се за мир и љубов меѓу луѓето. Неговите зборови, како: „Се спротивставувам на војната во Украина! Јас сум за народот, за мирното небо над нашите глави“, одекнаа меѓу неговите следбеници.

Сепак, околностите за неговата смрт предизвикаа контроверзии. Додека локалните медиуми пишуваа дека инцидентот е резултат на обид да избега од заклучен стан, неговата колешка Ирина Бартновскаја презентираше поинаква верзија, велејќи дека се работи за несреќен случај додека Шклјаров пушел цигара на тесен балкон. Таа нагласи дека Владимир е посветен на семејството, животот и уметноста, отфрлајќи ги теориите за намерна повреда.

Неговата смрт, сепак, повторно ги разгоре прашањата за судбината на критичарите на режимот на Путин. Многу противници на руската влада се убиени под сомнителни околности, што отвора простор за шпекулации и стравови во врска со безбедноста на оние кои јавно го изразуваат своето несогласување со актуелните власти.