Во Полициската станица Делчево вчера било пријавено дека околу 14.15 часот на бул.„Македонија“ во Делчево, на излезот кон селото Ѕвегор, делчевско, Љ.И.(54) од Ѕвегор, управувајќи мопед без регистарски ознаки, изгубил контрола и со мопедот излетал надвор од коловозот.
Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди и додека бил пренесуван кон болница починал. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Делчево.